Од денеска, екипи на општинските Јавни претпријатија започнуваат со
градежни активности на летната сцена „Долни сарај“. Просторот на влезот од
сцената ќе се пренамени во паркинг простор, а дополнително просторот
хортикултурно ќе се уреди. Големиот ѕид на влезот кој го грдеше ликот на
„Долни сарај“, ќе биде срушен, а на негово место ќе се постави нова метална
ограда. Простор ќе биде поплочен со бехатон плочки.
Покрај изградбата на паркинг простор, предвидено е странично да се санира
потпорниот ѕид, да се обнови зеленилото и дополнително да се оплемени со
нови цветни насади. Покрај тоа, просторот ќе добие дополнително осветлување
и клупи за одмор. Според предвидениот план за работа се очекува градежните
активности на овај простор да завршат пред почетокот на Балканскиот
фестивал.
Со пренамената на овај простор за паркирање ќе се реши дел од долгогодишниот
проблем на жителите од стариот дел на градот.
Извор: www.ohrid.gov.mk |