Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРЕЗЕНТИРАНИ МОЖНОСТИТЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА
Untitled Document

Во Општина Охрид , денес на 20.05.2014 г.  се одржа презентација на инструментите за поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој. Фондот за иновации и технолoшки развој има за цел промовирање и поттикнување на иновациската  дејност, подобрување на пристапот до финансиски услуги за иновации, развивање на инфраструктура за иновации и технолошки развој и развој на партнерства помеѓу универзитетите, истражувачките центри и приватниот сектор во Република Македонија. Фондот ги поттикнува иновациите и нивното вклучување во главните текови во приватниот сектор (комерцијализација), за да изгради конкурентна економија основана на знаење.

Презентацијата ја одржа  Јасмина Поповска, директор на Фондот за иновации и технолошки развој, во која ги претстави понудените инструментите и можностите.  Имено, преку Фондот ќе се обезбедат средства за поттикнување на иновативноста кај компаниите преку четири финансиски инструменти како што се кофинансирани грантови за start-up, спин-оф компании и иновации, кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации, кофинансирани грантови за трансфер на технологии и техничка помош преку деловно-технолошки акцелератори .

На презентацијата учествуваа компаниите од регионот како и претставници на Универзитетот за информатички науки и технологии, Факултетот за туризам и угостителство и претставници на невладини организации.

Се охрабруваат компаниите и другите институции кои се заинтересирани и можат да аплицираат за грант средства, да ги разгледаат понудените можности за финансирање. За сите потребни дополнителни информации да се обратат до Фондот за иновации и технолошки развој кој останува да пружи поддршка при процесот на апликација.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1320  пати
Објавено на: 20.05.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©