Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОХРИД ПО ПОВОД ИЛИНДЕН
Untitled Document

Драги сограѓани,

Во пресрет на чествувањето на 2 август, Ви го честитам најголемиот национален празник-ИЛИНДЕН, денот кој историски е врзан со вековната борба на македонскиот народ за своја сопствена држава.

Илинден е инспирација и паметник за македонските генерации, ден кога ги славиме и се присетуваме на голем број на  револуционери и борци за независна Македонија, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ. Присетувајќи се на Илинден 1903, како кулминација на вековниот стремеж за слобода и на Илинден 1944 и заседанието на АСНОМ, кога конечно македонскиот народ во антифашистичката борба ја извојува својата слобода и создаде своја држава, ги спомнуваме сите оние јуначки подвизи на знајните и незнајните борци за слобода и сите жртви на нашиот народ за остварување на вековниот сон-да бидеме Македонци во своја сопствена независна држава Македонија.

Денес, генерациски  имаме историски предизвик, да создадеме економски силна, национално  достоинствена и меѓународно почитувана Република Македонија и економски стабилен и просперитететен Охрид.  Тоа ќе го направиме само со посветено и чесно работење, почитувајќи ги националните, културните и историските традиции на македонскиот народ.
Нека ни е честит националниот празник ИЛИНДЕН  и нека е вечен Охрид и Република Македонија!

Со почит,
Градоначалник на општина Охрид
д-р Никола Бакрачески

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1233  пати
Објавено на: 01.08.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©