Од вечерва екипи ангажирани од Локалната самоуправа ќе започнат со обележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација на потегот на Булевар „Туристичка“.
За поефикасно и непречено изведување на работите, Локалната самоуправа апелира до граѓаните да ги отстранат паркираните возила на Булеварот „Туристичка“, како би се избегнале и несакани оштетувања на возилата или присилно отстранување.
Обележувањето на хоризонталната сообраќајна сигнализација ќе започне во 24 часот.
Освежувањето на хоризонталната сигнализација ќе придонесе за поголема прегледност и безбедност во сообраќајот.
Извор: www.ohrid.gov.mk |