Локалниот совет на млади при Општина Охрид денес ја одржа четвртата редовна седница. Членовите го усвоија записникот од третата седница, беа разгледани извештаите од претставување на советот, на семинарот “Мост меѓу политиката и граѓанското општество- јакнење на младите на локално ниво“, како и извештајот за учество во акцијата “Ден на дрвото- засади ја својата иднина “ . На дневен ред беше и прашањето околу идните активности.
Извор: www.ohrid.gov.mk |