Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СВИКАНА ЧЕТИРИЕСЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид (“Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува:

Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА   ЧЕТИРИЕСЕТАТА СЕДНИЦА   
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

             ЈА СВИКУВАМ  четириесетата седница на Советот на општина Охрид на ден  11.05.2015 година (понеделник) со почеток во 11,00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот :

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Информација за содржината и текстот на договорот по Одлуката на Советот на општина Охрид за избор на приватен партнер за јавно приватно партнерство за модернизација, проширување и одржување на системот за јавно осветлување на општина Охрид.
  2. Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП„Билјанини Извори“-Охрид.
  3. Предлог Одлука за усвојување на измените и дополнувањата на Програмата за спорт за 2015 год.
  4. Предлог Одлука за усвојување на измените и дополнувањата на Развојната Програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2015-2017 година.
  5. Предлог Одлука за усвојување на измените и дополнувањата на Програмата за други комунални услуги за 2015 година.
  6. Предлог Одлука за усвојување на измените и дополнувањата на Развојната Програма за изградба на системи за водоснабдување 2015-2017 година.
  7. Предлог Одлука за усвојување на измените и дополнувањата на Развојната Програма за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај за 2015-2017 година.
  8. Предлог Одлука за усвојување на измените и дополнувањата на Развојната Програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води 2015-2017 година.
  9. Предлог Одлука за усвојување на измените и дополнувањата на Програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2015 год.
  10. Предлог Одлука за усвојување на измените идополнувањата на Развојната Програма за уредување на градежно земјиште 2015-2017 година.  
  11. Предлог Одлука за усвојување на измените и дополнувањата на Програмата за одржување на јавнa чистота за 2015 година.
  12. Предлог Одлука за усвојување на измените и дополнувањата на Програмата за одржување и користење на паркови и зеленило за 2015 година.
  13.  Предлог Одлука за изменување и дополнување на Буџетот на единицата на локалната самоуправа општина Охрид за 2015 година.
  14. Предлог Одлука за усвојување на измените и дополнувањата на Развојната програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид во 2015-2017 година.
  15. Предлог Одлука за разрешување членови на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Охрид.
  16. Предлог Одлука за изменување на Одлуката за формирање Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Охрид.

 

 
 
 

 

            СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
                                                                                                            Претседател,
                                                                                                            Гордана Коњановска

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1322  пати
Објавено на: 05.05.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©