Градежно-оперативните екипи нa ЈП „Градски пазар“ деновиве активно работат на санација на металните заштитни огради на детските и повеќенаменските спортски игралишта лоцирани на различни делови во Охрид.
Деновиве се работеше на поставување и досредување на новата заштитна мрежа на детското спортско игралиште на улица „Карпош Војвода“ ,а се постави и нова мрежа на детското спортско игралиште во населба „Христо Узунов“.
Екипи на оваа претпријатие работеа и на обновување на оштетената и насилно отстранета заштитна ограда на кружната раскрсница на пресекот на булевар „Туристичка“ и ул. „Македонски Просветители“’.
Градежните активности на терен на ова јавно претпријатие доаѓаат по промената на неговиот статут и проширувањето и дополнување на истиот со нови дејности вклучувајќи одржување и санација на детски и повеќенаменски спортски игралишта како и одржување на вертикалната сообраќајна сигнализација на територијата на општина Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |