Заврши првата фаза, тампонирање со крупен песок од изградбата на
помошно фудбалско игралиште со вештачка трева. Тампонирањето,порамнувањето
и нивелацијата на теренот го врши градежната оператива на ЈП “Нискоградба“,
по што ќе биде поставена вештачката трева.
Проектот е на Општината Охрид и ФФМ со поддршка на европската
куќа на фудбалот УЕФА која ја донира вештачката трева.
Проектот се очекува да биде готов до крајот на оваа календарска година по
што Охрид ќе го има најсовремениот фудбалски терен на вештачка трева
кој може да биде магнет за развивањето на спортски туризам и подготовки на
голем број, пред се фудбалски екипи во зимскиот и летниот припремен период.
Со подигањето на фудбалското игралиште на вештачка трева нов привлечен лик
ќе добие запуштениот простор во непосредна близина на каналот Студенчишта
каде е предвидено ова фудбалско игралиште .
Извор: www.ohrid.gov.mk |