Попладнево започна асфалтирањето на улица „Илија Смически“ во село Лескоец во должина од 1 100 метри и ширина на коловозот од 3 до 4,5 метри.
Проектот за реконструкција на оваа улица започна пред две недели а на асфалтирањето му претходеше поставување на нова фекална канализација по должината на патот и поставување на нов тампон.
Асфалтирањето на улицата „Илија Смически “ќе се одвива по фази во наредниве неколку денови.
Изведувач на градежните активности е АД „Илинден“ од Струга. Овој проект општина Охрид го реализира со поддршка на Светска Банка.
Извор: www.ohrid.gov.mk |