Со средувањето на просторот кај Клучката на влезот од градов, денеска започна разубавување на Охрид пред почетокот на летната туристичка сезона . Просторот хорти културно и партерно се уредува, се бојадисуваат веќе поставенит елементи а се чистат и браниците поставени непосредно до коловозната лента.
Инаку по долги децении влезот на Охрид доби нов лик. Осветлениот грб на општината, изработен од бехатон плочки, обоен во соодветни бои и патоказна стрелка која насочува кон Охрид, изведена од декоративни растенија, од пред неколку месеци ги пречекува гостите.
Проектот за поубав градски влез е на општина Охрид, а го реализираа јавните претпријатија: “Охридски комуналец“, “Нискоградба“ и “Градски гробишта“.
Извор: www.ohrid.gov.mk |