Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НА ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ СЛЕТАА ПРВИТЕ ХОЛАНДСКИ ТУРИСТИ
Untitled Document

Во организација на туристичката агенција “Фибула травел“ и авиокомпанијата “Корендон“, денес на охридскиот аеродром “Св.Апостол Павле“, слета првата група од 180 холандски туристи со директен лет од Амстердам. Во престојниот период предвиден се два лета неделно, а во екот на главната туристичка сезона, јули – август три, Корендон ќе има три лета од Амстердам кон Охрид. Гостите од Холандија беа пречекани со традиционалниот воден мост и македонска погача за добредојде.

На пригодната свеченост по повод пристигнувањето на првите холандски гости, свое обраќање имаа генералниот директор на ТАВ Македонија, Зоран Крстевски, градоначалникот Никола Бакрачески претставникот на “Фибула травел“, Асим Меџедовиќ.

- Пресреќни сме што денеска дојдоа нашите ценети туристи со летот на Корендон и што традицијата продолжува. Овие чартер летови, како и трите редовни линии од “„Свети Апостол Павле“ кон Базел, Лондон и Цирих, заедно со новата линија Охрид- Белград која следниот месец ќе ја воведе Ер Србија, како и чартер летовите од Брисел и Тел Авив, ќе придонесат за заживување на охридскиот аеродром, поголем сообраќај, но и зголемен број на гости во Охрид. За сето ова, сакаме да им се заблагодариме за добрата соработка на Општина Охрид и Фибула, домашната компанија што ги организира чартерите со Корендон – истакна во своето обраќање Крстевски.

Градоначалникот Никола Бакрачески го изрази задоволството од пристигнувањето на гостите од Холандија и упати благодарност до менаџментот на ТАВ Македонија и компанијата “Фибула травел“ за нивната посветена работа и голем ангажман за воспоставување на оваа авио линија и доаѓањето на гостите од Амстердам.

- Како што знаете, ние како локална самоуправа во изминатите три години вложивме максимални напори во привлекувањето на странските туристи и на наше големо задоволство, нивниот број секоја година се зголемува. Покрај авио врската со Амстердам и дестинациите кои веќе ги кажа господинот Крстевски, ние успеавме со наши средства до 2018 година да обезбедиме постојано да имаме и гости од Велика Британија со линијата Орхид – Лутон. Сето ова покажува дека бројот на авио компаниите што летаат кон и од охрискиот аеродром постојано се зголемува, а тоа значи зголемен број гости, зголемен обем на работа на аеродромот и впечатливо препознавање на Охрид на светската туристичка мапа – истакна во своето обраќање градоначалникот Бакрачески.

Се очекува летово во Охрид со чартер-летовите на Корендон, кои ќе траат до 7  октомври, да одмораат од 8 до 10 илјади гости, кои ќе бидат сместени во повеќе хотели на охридското крајбрежје.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1332  пати
Објавено на: 03.05.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©