Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОТ ОХРИД ОД МАКЕДОНИЈА Е СКРИЕН СКАПОЦЕН КАМЕН ВО ЕВРОПА
Untitled Document

 Со овој наслов престижниот „Yahoo Travel“, ги објасни фотографиите од Охрид кои ги објави денеска на неговата фан страна на Facebook која има 344 886 следбеници. „Yahoo Travel“ е познат магазин кој прави репортажи од светски познатите и популарни туристички дестинации.


Инаку периодов во Охрид престојуваат 26 интернационални медиуми и туроператори кои се дел од „Недела на авантури – Западен Балкан“ .  Дел од учесниците на турата се: главниот уредник на National Geographic Traveler, Кит Белоус, уредничката на Yahoo Travel, Џо Пиаза и уредничката за југоисточна и источна Европа на Lonely Planet, Брана Владисављевиќ. Тие во рамки на „Недела на авантури“ ќе ги посетат Св. Наум, културно – историските знаменитости во Охрид, Галичица како и други места во Македонија. Покрај посетата на природните убавини, групата ќе ужива во традиционалната македонска музика, храна и култура и ќе учествува во спортски активности, како тандем параглајдинг, велосипедизам, искачување по карпи и планинарење.
По завршувањето на турата се очекува објавување на голем број прилози посветени на убавините на Охрид, кои ќе придонесат за афирмација и привлекување на повеќе странски гости, авантуристи и љубители на природните убавини, добрата храна и музика.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1314  пати
Објавено на: 02.09.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©