На Балканското првенство во фудбал за играчи до 17 години , што изминатиов викенд се одржа на СРЦ „ Билјанини извори “, охридската екипа го освои првото место.
На првенството на кое учествуваа фудбалските екипи од Мостар и Требиње од Босна и Херцеговина , Црногорската репрезентација од Јужниот регион, репрезентацијата од Куманово и екипата на „Работнички “ од Скопје , за најдобар беше прогласен голманот на охридскиот клуб.
Победниците на ова натпреварување добија пехари додека охридската екипа го освои и големиот преоден пехар кој ќе ги краси витрините на охриѓани се до следното првенство кое до година ќе се одржи во Војводина.
Фото : Иван Арсеноски
Извор: www.ohrid.gov.mk
|