Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
БРОЈНИ АКТИВНОСТИ НА ЈП „ГРАДСКИ ГРОБИШТА“
Untitled Document

Екипи на ЈП „Градски гробишта” изминативе денови работеа  на неколку локации во Охрид.
 Во завршна фаза се  активностите за изградба на  тротоарот  на ул. „15ти Корпус“ на потегот од поранешната фабрика ”Застава” до бензиската  Макпетрол. При овој зафат се направени  околу 300 метри пешачка патека – тротоар од бекатон плочки  оивичени со рабници.  

Се сведуваат кон крај и работните задачи коишто ги изведува  градежната  оператива  на ова претпријатие на раскрсницата пред населбата Рача, каде што се поставени коловозни рабници, изработени се неколку пешачки острова, пешачка патека, а од наредната недела ќе се работи и на изработка на кружен ток.

Од идната  недела се планира започнување на  активностите на завршната фаза од поплочувањето на фонтаната и плоштадот на локација Мини маркет . Пополочувањето ќе биде со гранитни плочк а ќе има  мозаично решение на фонтаната.  Денес на оваа локација завршија земјените работи и  припремата на подлогата.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1320  пати
Објавено на: 16.07.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©