Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ТУРИСТИЧКА ПРОМОЦИЈА НА ОХРИД ВО ЛОНДОН
Untitled Document

Претставници на познатиот тур-оператор „ Балкан Холидејс“ од Лондон, предводена од Стеван Поповиќ, на денешната средба со градоначалникот Никола Бакрачески и раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој  Ѓоко Апостолов, изразија подготвеност да помогнат во промоцијата на Охрид  во британската престолнина. Промоцијата на туристичката понуда на Охрид во Лондон би се одржала пред  познати туристички агенции и новинари, како и објавување  на пригодни содржини во нивната рекламна публикација.

Заеднички беше констатирано дека одличен потег е воведувањето на субвенционираната авионска чартер линија од лондонскиот  аеродром Лутон до Охрид и назад, бидејќи се олеснува креирањето на нови туристички аранжмани. Од „ Балкан Холидејс“ , која работи на пазарите во Бугарија, Хрватска, Словенија, Црна Гора и Романија  со ангажирани околу 4 илјади агенти, најавија дека имаат сериозни намери и за присуство на охридскиот туристички  пазар. Сметаат дека доколку има добро организирани  форми на алтернативен туризам, како што се пешачки тури низ стариот дел на градот, Националниот парк „ Галичица“ или руралните средини, тие можат да направат интересни аранжмани за посебно таргетирани групи на британски туристи.

Општина Охрид, како што беше речено на средбата е подготвена да биде домаќин на промотивна тура која би била составена од претставници на „ Балкан Холидејс“ и нивни агенти, како и новинарски екипи.Тоа би бил добар почеток за афирмација на охридска туристичка понуда  на британскиот пазар.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1366  пати
Објавено на: 29.06.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©