Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИКОЛА БАКРАЧЕСКИ НАЈАВИ ОСОВРЕМЕНУВАЊЕ НА СПОРТСКИОТ ЦЕНТАР „ БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески со дел од своите соработници , денеска го посети ЈП – Спортско рекреативниот центар „ Билјанини избори “ и најави изградба на модерен спортски комплекс со затворен и отворен пливачки базен, игралишта за тенис, кошарка и фудбал, терени со вештачка трева и лизгачки терен за зимски спортови.

- Направивме увид на состојбата на спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“, ги разгледавме објектите во каква состојба се наоѓаат и површните како и можностите за идниот развој. Како градоначалник на Охрид заедно со мојот тим агресивно ќе се залагаме спортскиот центар да го добие ликот, кој го заслужува и да им служи на спортистите и граѓаните – рече градоначалникот Бакрачески.

На средбата , градоначалникот Бакрачески му го презентираше нацрт планот на в.д. директорот на Јавното претпријатие, „ Билјанини Извори “ Иван Цветкоски и најави дека по завршувањето на законските постапки за донесување на урбанистичкиот план , реализацијата на овој ултра модерен проект ќе започне следната година.

- На почетокот од иднината година ќе започне изградбата на затворениот базен. Покрај овие можности на спортскиот рекреативен центар, ние нема да им го свртиме грбот на водените спортови. Со мојот тим планираме посети на сите клубови кои спортуваат во Охридското Езеро - додаде Бакрачески.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1242  пати
Објавено на: 12.06.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©