Врз основа на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 07-2653/48 донесена на ден 11.03.2014 година, Исправката на одлуката за општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр.07-2653/48-1 извршена на седницата на Совет одржана на ден 01.04.2014 година и барањето доставено од страна на Одделението за сообраќај и патишта бр.11-_____________/1 од ________.05.2014 година, Oпштина Охрид објавува
ЈАВЕН ОГЛАС бр.03/2014
За добивање на дозволи за вршење на дополнителен сезонски превоз на патници
(ВТОРА ИЗМЕНЕТА ОБЈАВА)
1.Предмет на овој оглас е добивање на дозволи за вршење на дополнителен сезонски превоз на патници -8 пакет линии утврдени по релација и време на поаѓање за период од 15.06.2014 до 31.08.2014 година
Возниот ред со целокупниот материјал потребен за учество на овој оглас можат да се подигнат секој работен ден во одделението за јавни набавки при Општина Охрид од 12:00-15.00 часот или на web страната на Општина Охрид( www.ohrid.gov.mk).
2.Услови кои треба да ги исполнуваат превозниците за добивање на дозвола за вршење на дополнителен сезонски превоз на патници:
1) да е впишан во Централниот регистар на Република Македонија и да има регистрирано приоритетна дејност/главна приходна шифра вршење на превоз на патници и стока во патниот сообраќај,
2) да е сопственик на едно или повеќе регистрирани возила за превоз или да има соодветен договор за лизинг или закуп. Возилата да се со капацитет од најмалку 8+1 седиште по возило, и да ги исполнуваат посебните техничко- експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на одделни видови на превоз;
3) да има вработено во редовен работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила, минимум еден возач по возило (автобус/минибус/комби , ) што ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата;
4) управителот или овластеното лице одговорно за превозот да има сертификат за професионална компетентност и
5) да не е во сила правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството или безбедноста во јавниот сообраќај.
3.Критериуми за доделување на дозволи за вршење на дополнителен сезонски превоз на патници:
- Пакетите на дополнителен сезонски превоз ќе му бидат доделени на оној правен субјект кој во целост ги исполнува условите од точка 2 од јавниот оглас, понудил највисока цена за користење на автобуски постојки за реализација на пакетот на линии и потпишал изјава за прифаќање на максималните цени по релација за превоз на патници утврдени со Одлуката за општински линиски превоз на патници во Општина Охрид донесена од страна на Советот на Општина Охрид по предлог на одделението за сообраќај при Општина Охрид.
Почетна и крајна станица за влегување/слегување на патници ќе биде Автобуска станица-Охрид или друго место дополнително определено од страна на Општина Охрид.
- Секој регистриран правен субјект може да добие најмногу 1(една) пакет линија од вкупно 8 понудени пакет линии.
4. Содржина и рок на доставување на понуда за добивање на дозвола за вршење на линискиот превоз:
- Образецот на понудата за дополнителен сезонски превоз на патници може да се подигне секој работен ден во просториите на одделението за јавни набавки при Општина Охрид од 12:00-15.00 часот или или на web страната на Општина Охрид( www.ohrid.gov.mk).
Понудувачот го приложува оригиналниот примерок во запечатен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.
Внатрешниот плик се приложува во запечатен надворешен плик кој:
-е адресиран со точна адреса на договорниот орган,
-го содржи бројот на огласот,
-во горниот лев агол стои ознака „Не отварај“, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите.
Пример како треба да се адресира надворешниот коверт:
,, Не отворај” ЈАВЕН ОГЛАС БР.3
Општина Охрид
ул. ,,Димитар Влахов” бр.57 |
Понудата за добивање на дозвола за вршење на дополнителниот линиски превоз на патници во Општина Охрид и регистриран возен ред треба да содржи:
- Полн назив, седиште и адреса на превозникот;
- Матичен број и адреса на превознокот;
- Пополнет образец на понуда;
- Документи во оргинал или фотокопија за докажување на исполнување на уловите од точка 2(два) од јавниот оглас;
- (За поседување на бараните возила се приложување на фотокопија од сообраќајната дозвола а за докажуавање на вработени се приложува М/1М2 образец)
Изјава за прифаќaње на максималната цена за чинење на возниот билет (максималната цена на чинење на возниот билет по патник треба да изнесува максимум до 30 денари за релација Охрид-Славија и обратно, максимум до 40 денари за релација Охрид-Лагадин и обратно, максимум до 50 денари за релација Охрид-Пештани и обратно и максимум до 60 денари за релација Охрид-Градиште и обратно).
Избраните превозници се должни понудениот износ за користење на автобуски постројки да го подмират најкасно 3(три ) дена по приемот на известувањето за избор. Превозникот кој нема да го подмири понудениот износ ќе се смета дека се откажал од пакет линијата и на истиот нема да му биде издадена дозвола за вршење на дополнителен сезонски превоз.
Почетната вредност на понудениот годишен надоместок за користење автобуски постојки патници изнесува минимум 2000,оо денари.
Доколку двата плика не се затворени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата. Понудите кои се отворени предвремено поради непридржување кон условите за затворање и обележување на истите ќе се отфрлат како неуредни.
Заинтересираните превозници треба да ги достават понудите во затворени коверти со назнака за Јавен оглас 03/2014, најдоцна до 28.05.2014 година до 12:00 часот на следната адреса: Општина Охрид-Комисија за јавни набавки ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид.
Отворањето на понудите ќе се изврши јавно на ден 28.05.2014 година до 12:30 часот.
ОПШТИНА ОХРИД
Комисија за спроведување на јавен оглас 03/2014
Извор: www.ohrid.gov.mk |