Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СРЕДСТВАТА ОД ПРОДАЖБАТА НА НЕИЗГРАДЕНО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЌЕ БИДАТ НАМЕНЕТИ ЗА ОТПЛАТА НА НАСЛЕДЕНИ ДОЛГОВИ И ЗА РАЗВОЈНИ ПРОГРАМИ
Приходите од продажба на неизграденото градежно земјиште на кое е предвидена изградба на автобуска станица и дом за стари лица ќе бидат наменети за враќање на наследени долгови и за реализација на развојни програми и проекти, рече градоначалникот Никола Бакрачески кој објасни зошто е неопходен ребаланс на буџетот.

 - По основ на овие приходи, ние треба да направиме ребаланс на буџетот во расходната стапка по кој основ понатака ќе ги предвидуваме расходите. Претпоставувам дека на опозицијата им смета , доброто остварување и реализација на буџетот посебно во приходната стапка и секако дека ова за нив е одлична можност за политички популизам со цел да се стекнат со одредени политички поени. Јас можам само едно да кажам, се она што ние го правиме како локална самоуправа и јас како градоначалник го правиме за долгорочно добро на градот и граѓаните на Охрид без разлика колку краткорочно на некого тоа му изгледа непопуларно или можеби не се согласува и негодува со нашата политика за развој на градот. Јас ќе кажам дека ние никогаш нема да се водиме од ситно партиски интереси во креирање на нашите стратегии за развој на градот и никогаш индивидуалните или партиски краткорочни интереси нема да ги ставаме над интересите на градот. Она што ние го правиме треба да има импакт на долгорочниот развој на градот. Вие знаете дека ние како охриѓани бевме сведоци на популистичките политики на претходната локална власт која со таквите популистички стратегии успеа да остане на власт 8 години во Охрид, но тоа резултираше со тотална деградација и финансиска девастација на градот од која што пак долгорочно во наредните 80 години ќе имаат последици и граѓаните и наредните локални власти. Од тие причини, јас како градоначалник можам да ве уверам дека популизмот нема да биде основа врз која ние ќе ја градиме нашата стратегија за развој на Охрид. Ние ќе се водиме исклучиво од долгорочните интереси на Охрид и охриѓани. Распределбата на средствата од продажбата на неизградено градежно земјиште е условена од неколку работи кои многу пати сум ги изнел во јавност. Сметката на општината е блокирана и по основ на околу 200 извршни судски решенија. Судот издал решение со кое се одредува судска рамка за висината на средствата со кои ние во тековниот месец можеме да располагаме, што значи дека тие средства кои ги добиваме по основ на продажба на градежно неизградено земјиште не можеме да ги чуваме за некои идни времиња. Тие мора да се реализираат во рамки на судскиот лимит. Се што го надминува тој судски лимит а ако се пренесува салдото од еден во друг месец заедно со салдото од тековниот месец голема е веројатноста дека ќе се надмине тој судски лимит. Тие средства не можете да ги резервирате ниту можете да ги планирате за некои подолгорочни активности во иднина, туку морате да ги распределите . Врз основа на тоа ние предлагаме ребаланс на буџетот, со кој што во добар дел ќе ги исплаќаме обврските кон оние доверители на кои што општина Охрид им должи а на кои долги години никој ништо не им исплаќал. Долговите мора да се сервисираат. Општина Охрид мора да се однесува одговорно кон оние кои со чесна работа и труд сработиле нешто. Значи голем дел од средствата ќе ги намениме за враќање на долгови. Другите средства секако ќе се користат во рамките на редовните и изменети програми во делот на изградба на инфраструктурни зафати. Ќе се вложува и во делот на културата и секаде каде што сметаме дека тоа им е неопходна потреба на охриѓани а која што носи долгорочен развој на Охрид, рече градоначалникот Бакрачески.

Прочитано:  1363  пати
Објавено на: 12.05.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©