Во рамките на соработката со PASCH – училиштата, Гете институт во месец
март организираше натпревар за учениците од 14 - 16 години под мотото: Игри
без граници- Караван на иднината. Задача на учесниците на натпреварот беше
да создадат кратко видео на германски јазик, во кое ќе ја презентираат
својата визија за иднината од областа на музика, филм, театар итн, во форма
на краток филм.
ОУ „Григор Прличев“ учествуваше на натпреварот со неколу ученици, од кои кои
како најуспешни, под менторство на наставничката Билјана Атанасовска, беа
избрани Бисера Николоска и Теодор Недески. Истите ќе имаат можност да
учествуваат на регионалниот PASCH летен камп, што ќе се одржи од 10-
22 август годинава во Истанбул, на кој учество ќе земат повеќе земји од
југоисточна Европа.
За време на кампот учесниците ќе имаат можност под раководство на експерти
од областа на танцот, музиката, модата, да работат на проекти со што ќе ги
надополнат своите знаења, ќе развијат интерес за понатамошно изучување на
германскиот јазик и ќе се запознаат со културите и традициите на земјите
учеснички.
Извор: www.ohrid.gov.mk |