Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА СТАР ГРАД СПЕЦИЈАЛНИТЕ НАЛЕПНИЦИ ЗА ПАРКИРАЊЕ ЌЕ СЕ ИЗДАВААТ ВО СЕКТОРОТ ЗА КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ, СООБРАЌАЈ И УЛИЦИ
Untitled Document

Според одлуката на Советот на општина Охрид за организирање на режимот на сообраќај на дел од територијата на општина Охрид предвидено е во стариот дел од градот паркирањето и движењето на возила да биде дозволено само за жителите на Стар Град кои ќе добијат специјални налепници за паркирање и движење на возила .

Специјалните налепници за паркирање ќе се издаваат во Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид само на жителите од Стар Град кои поседуваат важечка лична карта и сопствено моторно возило со важечка сообраќајна дозвола регистрирано на адреса од улица која се наоѓа во овој дел од градот и истите ќе се заведуваат во регистар за издадени налепници за паркирање.

Специјалните пропусници и налепници ќе се издаваат и на лица кои согласно важечката лична карта не се жители на овој дел од градот или воопшто на град Охрид, но во своја сопственост поседуваат куќа во тој дел на градот, по претходно нивно барање.

Во барањето да приложат доказ за сопственост на недвижен имот во тој дел на градот како и доказ дека во склоп на нивната катастарска парцела го има решено просторот за паркирање. На овие лица ќе им се издава толкав број на пропусници за колку го имаат решено просторот за паркирање.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1261  пати
Објавено на: 25.06.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©