Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРОБИШТАТА НЕ СМЕАТ ДА БИДАТ ГРАДСКИ ДЕПОНИИ
Untitled Document

Односот према покојните е едно од мерилата на култура и почитување на предците, меѓутоа и на другите околу нас и на самата денешница. Нашиот народ во тој однос никогаш не бил неодговорен и рамнодушен. Состојбата на гробовите зборува за нашата грижа, цивилизацискиот однос и почитта кон нашите предци. Уредени или неуредени, гробиштата се огледало на еден град и неговите граѓани.

За жал, претходното раководство на Јавното претпријатие Градски гробишта злоупотребувајки ја довербата на граѓаните на Охрид, градските гробишта ги претвори во депонија за отпадоци, градежен шут и други отпадни материјали. Злоупотребите и неодговорниот однос на претходното раководство кулминираше во екот на предизборната кампања со цели само за нив познати.  

Локалната  самоуправа и новото раководство на Јавното претпријатие превземаат интензивни мерки и активности за средување на овој наследен хаос на градските гробишта. Се чистат магацинските простори, се отстрануваат дивите депонии, инфраструктурно и хортикултурно се уредува околниот простор. Во овие активности интензивно се вклучени и другите јавни претпријатија МЈП Проаква и ЈП Нискоградба, се со цел на граѓаните на Охрид да им се овозможи достоинствено да ги чествуваат велигденските празници.

За да му го вратиме на гробиштата изгледот кој им е цивилизациски својствен, мораме да го смениме односот кон нив. Гробовите не смеат да бидат место каде што ќе се депонира човечкиот отпад, каде што ќе се таложи човечката негрижа и лакомост по сопствени интереси. Гробиштата пред се треба да бидат место кое не поврзува со нашите мртви предци: достоинствено и возвишено.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1252  пати
Објавено на: 26.04.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©