Во рамки на четвртата компонента од Инструментот за претпристапна помош (ИПА), Оперативна програма „Развој на човечките ресурси 2007-2013“ објавен е Повик „Потикнување на социјалното вклучување за доделување на неповратни средства (грантови) со цел реализација на предлог проекти наменети за поддршка на активности за вклучување на социјално исклучени лица на пазарот на труд.
Секторот за Туризам и Локален Економски Развој при Општина Охрид во соработка со Министерството за финансии, Министерството за труд и социјална политика и Делегацијата на Европската унија на 19.09.2013 во Големата Сала на Општина Охрид со почеток во 12:00 часот ќе одржат информативен настан за да се презентира Програмата за доделување на неповратни средства (грантови) на единиците на локалната самоуправа, заинтересираните невладини организации, социјалните партнери (асоцијациите на работодавачи, асоцијациите на работници), центрите за социјална работа, стручните училишта и др. организации од јавниот сектор.
Информативните сесии се од отворен карактер.
Сите информации и документи за повикот се достапни на веб страницата на Секторот за централно финансирање и склучување договори http://cfcd.finance.gov.mk.
Извор: www.ohrid.gov.mk |