Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРИВРШУВААТ ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ГОДИНАШНОТО МАСОВНО ЧЕСТУВАЊЕ НА БОГОЈАВЛЕНИЕ-ВОДИЦИ И ДЕНОТ НА РИБАРИТЕ
Untitled Document

Подготовките за годинашното масовно осветување на водите на Охридското Езеро на Богојавление- Водици на 19 јануари и Денот на рибарите кој ќе се одржи на 20 јануари привршуваат.Ова беше соопштено на денешниот состанок на Координативното тело за организирање на двете манифестации, на кој покрај претставниците на општинските служби и јавните претпријатија,присуствуваа и претставници  на Црвен крст, Секторот за внатрешни работи, Итната медицинска помош, Факултетот за туризам и угостителство, капетанијата, нуркачкиот клуб „Амфора“, поранешни фаќачи на Светиот крст и граѓани.

-Како што претходно информираше градоначалникот Никола Бакрачески,  организацијата околу големиот Христијански празник Богојавление- Водици, е  во завршна фаза. Денеска имавме состанок со телото кое ја води целосната организација, како и претставници на институции, граѓани на општина Охрид и поранешни фаќачи кои што несебично секоја година ја поддршуваат општина Охрид во организацијата на овој настан. Целата манифестација ќе се одвива во три дена односно започнува на 17. Јануари со една видео презентација, односно документарен филм на нуркачкиот клуб „Амфора“, потоа на 19. Јануари е оној духовниот дел, односно фрлање на Светиот крст во водите на Охридското Езеро, со почеток во 10 часот на градското пристаниште и традиоционално на 20. Јануари ќе го одбележиме Денот на рибарите  на Сараиште  со почеток во 12 часот, каде што ќе се подготви рибна чорба, ќе има греана ракија и вино, а  присутните ќе ги забавува ансамблот „ Билјана јуниор“- рече претседателот на Координативниот одбор Сашо Донев.

Најмасовната црковно-народна манифестација во Република Македонија и регионот за христијанскиот празник  Богојавление- Водици, од минатата година заедно ја организираат Локалната самоуправа и Дебарско- кичевската епархија на Македонските православна црква-Охридска архиепископија, во соработка со бројни институции, граѓани и организации.
-Македонската православна црква-Охридска архиепископија, односно  Дебарско- кичевска епархија, во соработка со Локалната самоуправа, како и претходната години така и оваа, го организираат еден од најмасовните и најпосветените празници во Охрид. Се е подготвено за празникот Богојавление- Водици“ .Утрински Богослужби ќе има во сите парохиски цркви , а Светиот  крстот , во водите на Охридското Езеро ќе се фрла  во 10 часот на градското пристаниште.Претходно ќе пристигнат литиите од црквите заедно со свештениците и  бројни верници- рече Илија Ристески, претставник на Дебарско-кичевската епархија.

Од Секторот за туризам и локален економски развој, соопштија дека има бројни резервации во охридските хотели и дека сеуште се нудат попусти од 15 до 50 отсто за продолжениот богојавленски празничен викенд.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1362  пати
Објавено на: 11.01.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©