Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
„ДЕН НА ИДЕИ“ ВО ОХРИД
Untitled Document

Како дел од  отчетното,  транспарентно и одговорно работење на градоначалникот Никола Бакрачески, а во  рамки на   своите заложби за активна партиципација на граѓаните  во процесот   на креирање на  политики, општина Охрид   на  27 мај  2015 година ( среда ) на  плоштадот „Св. Климент Охридски“  организира „Ден на идеи“.

Директори  од охридските јавни претпријатија, раководители на сектори и одделенија и стручни  лица од службите на општина Охрид ,  непосредно ќе контактираат со охриѓани кои ќе имаат можност  да даваат свои   идеи,  предлози или сугестии  а со тоа  директно ќе учествуваат  и ќе  имаат придонес  во успешното работење на општина Охрид. 
Целта на случувањето е  да се постигне кохезија, соработка меѓу охриѓани  и Локалната власт, да се направи синергија на идеите кои ги имаат граѓаните во насока на креирање на определени проекти и политики. 


Настанот е предвидено  да се одржува  во период   10  часот наутро  до 18  часот попладне.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1313  пати
Објавено на: 20.05.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©