Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески синоќа во предворјето на
црквата Св. Софија во рамки на фестивалот Охридско Лето ја проследи
прекрасната Мелодија на Шенжен во изведба на Синфонискиот
оркестар од Народна Република Кина а под диригентската палка на
познатиот кинески диригент Лин Даје. Дел од публиката беа видни
претставници од политичкиот и јавниот живот како и членови на
дипломатскиот кор од земјава и странство.
Публиката со воодушевување го следеше музицирањето на дела од светски
познатите композитори, Ванг Ксилин, Ванг Нинг, Ченг Ганг , Петар Илич
Чајковски и Томислав Зографски.
Вечерта на кинеска музика беше заокружена со коктел во дирекцијата на
фестивалот “Охридско Лето“ на кој покрај градоначалникот Никола Бакрачески
присуствуваа и новиот амбасадорот на Република Кина во
Македонија, Вен Џеншун и врвните кинески музичари.
Извор: www.ohrid.gov.mk |