Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРОМОВИРАН ФИНАЛНИОТ ПРОИЗВОД ОД ПРОЕКТОТ НА УСАИД ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

Untitled Document

Во Центарот за култура „Григор Прличев“, денес, ученици од ОСУ „Св. Климент Охридски“ го промовираа финалниот продукт – театарската претстава „Разгледница од Охрид“, кој произлезе како резултат на циклусот креативните работилници кои се одржуваа во рамки на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.
Преку овај проект, училиштата имаат можност да ги промовираат вредностите за заемно почитување и соработка во образованието, без оглед на етничката припадност, јазик и религија. Целта е младите да се насочат кон вистинските вредности и интереси и да придонесат за градење на мултиетничка интегрирана Македонија.  

Во таа насока заменик – градоначалникот, Ангел Јанев во своето обраќање пред претставниците и учесниците во проектот рече дека: „Преку соработката на наставниците и учениците од различна етничка припадност, преку создавање партнерства, стануваме побогати со нови искуства и пријателства и стануваме поуспешни во работата и постигнувањата“ и дека како општина „Горди сме што во рамките на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието во нашата општина училиштето “ Братство Единство“ е модел училиште. Ова училиште ќе ни послужи како позитивен пример како треба да ги негуваме и различните и заедничките вредности“.

На крај директорката на ЦИУ „Мултимедиа“, Виолета Симјановска, на учениците и наставниците кои ја подготвуваа претставата им додели признанија – сертификати за успешната работа во реализацијата на проектот.

Извор: www.ohrid.gov.mk

 

Прочитано:  1314  пати
Објавено на: 13.11.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©