Со вечерни настапи на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ ,
продолжува предновогодишната програма, што ја организира Локалната
самоуправа. Синоќа во времето од 18 до 20 часот со свои специјално
подготвени културно- забавни програми настапија учениците од ОУ „
Живко Чинго“, ОУ „ Христо Узунов“ и ОЕМУЦ „ Св. Наум Охридски“ .
Вечерва, во редовниот термин од 18 до 20 часот, ќе настапат учениците од
ОСУ „ Св. Климент Охридски“, ОУ „ Кочо Рацин“ и ОУ „ Св. Климент
Охридски“ , а утре во петок на 26 декември, ќе може да се проследат
програмите на Студиото за класичен и модерен балет „ ВИ ЗА ВИ“ ,
Кореографскиот центар „ 21“ и Танцовиот клуб „ Соната“ .
Извор: www.ohrid.gov.mk |