Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОТВОРЕН ЦЕНТАР ЗА КАРИЕРА ВО СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ „ СВ. НАУМ ОХРИДСКИ“
Untitled Document

Во  Општинскиот електро- машински училишен центар „ Св. Наум Охридски“ , свечено беше отворен  Центар за кариера, проект кој е дел од Младинската мрежа за стекнување вештини за вработување, финансирана од  Американската агенција  за меѓународен  развој  УСАИД.

-Уверен сум дека со отворањето на Центарот за кариера ќе се овозможи стекнување на драгоцени вештини за учениците и невработените лица, кои ќе им помогнат подготвени да излезат на пазарот на трудот.Тука, заедно со наставниците и претставниците  на Агенцијата за вработување, ќе можат да добиваат ииформации и услуги поврзани со пазарот на трудот на локално и национално ниво, вработувањето и самовработувањето, како и стекнувањето и искуство на работно место уште додека се во училиште. Привлекувањето инвеститори и отворањето на нови работни места, бара и соодветно квалификувана работна сила. Токму поради таквите потреби, драгоцена ни е оваа поддршка со отворањето  на Центарот за кариера. Се надевам дека рационално ќе бидат искористени капацитетите и можностите на Центарот и дека со тоа ќе се придонесе за забрзан економски развој на Охрид и поблиската околина- истакна на свеченоста градоначалникот Никола Бакрачески.

Директорот на Секторот за демократија во Мисијата на УСАИД во Република Македонија , Мајкл Стиватер истакна дека  досега преку оваа програма се обучени 155 наставници во 49 средни училишта. „Овие наставници им даваат поддршка на учениците во истражувањето на сопствените афинитети и интереси, во дефинирањето на сопствените аспирации и во подобрувањето на сопствените вредности- рече Стиватер.

Со отворањето на  Центарот за кариера , Електро- машинскиот училишен центар „ Св. Наум Охридски“ , како што рече директорот Јане Цаноски, станува средиште на воведувањето на проверени позитивни практики , кои ќе ги следат трендовите на пазарот на трудот и според тие потреби ќе обучуваат кадри кои побрзо ќе доаѓаат до работно место.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1299  пати
Објавено на: 23.04.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©