Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОРГАНИЗАЦИЈАТА „ИСХАН ДОГРАМАЏИ“ И ПРИВАТНОТО УЧИЛИШТЕ „БИЛКЕНТ“ ОД АНКАРА,Р. ТУРЦИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Општина Охрид како учесник во проектот „ Градот, Јазикот и Културата“ денес беше домаќин на делегацијата од училиштето „Билкент„ Анкара, Р. Турција.
На средбата се разговараше за досегашните соработки , идното продлабочување  на меѓусебните односи, а стана збор и за  продолжување на проектот „ Градот, Јазикот и Културата“.

Турската делегација на денешната средба имаше можност да го промовира и првиот дел од донацијата наменета за училиштето „Братство Единство“, која ќе се одвива во неколку етапи. Најпрвин донирани ќе бидат средства за опремување на училница која ќе биде катче во кое најмладите ќе можат да поминуваат дел од своето време.

Претставниците на Општина Охрид дадоа целосна поддршка на проектот и изразија надеж за понатамошна соработка во делот на образованието.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1234  пати
Објавено на: 15.04.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©