Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
МЕЃУНАРОДНА ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ – “ЕКОЛОШКА ВИСТИНА 2013“
Untitled Document

Синоќа во Куќата на Робевци, по повод 5 јуни, Меѓународниот ден на животната средина, беше отворена интернационална, таканаречена кружна изложба на фотографии, насловена како “Еколошка вистина 2013“. Куриозитетот на овој уметнички потфат, е што тој истовремено со одржува во пет различни градови од регионов: Нова Горица - Словенија, Бања Лука – БиХ, Заечар – Србија, Софија – Бугарија и Охрид – Македонија. Покровителство е на меѓународните фотографски асоцијации: ФИАП, ПСА и УПИ, а организацијата на националните фотографски сојузи и фото- клубови.

Изложбата ја отвори Претседателот на Советот на Општина Охрид, Гордана Коњановска,која  во име на локалната самоуправа, порача дека Охрид е најдобар пример за многувековната рамнотежа меѓу човекот и природата, со убедување дека таквиот пристап ќе продолжи и во иднина, како единствен правилен однос на човекот кон животната средина.
Изложбата има конкурсен карактер, а претходно 15 члено жири,поделено во 5 екипи од по три члена, за охридската изложба од пристигнатите 1187 фотографии од 270 уметнички фотографи, за охридската публика одбра 80, од кои 52 се наградувани. Вкупно во петте града, учествуваат 500 автори од 61 земја, со 4433 фотографии.


Домаќини и коорганизатори на “Еколошката вистина 2013“ во Охрид, се фотоклубовите Охрид и Кастром.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1245  пати
Објавено на: 06.06.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©