Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАВРШИ ПРОМОТИВНАТА ТУРА „ ОХРИД 2015“
Untitled Document

Во рамките на активностите предвидени со годишната програма на Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид, во  соработка со туристичко-угостителските субјекти, деновиве успешно беше реализирана “Промотивната  тура Охрид 2015“ . На промотивната туристичка тура, што се одржа од 02 до 05 април, учествуваа претставници од туроператори, туристички агенции, медиуми и туристички списанија од  Турција, Србија, Израел, Русија, Бугарија, Словенија, Украина, Унгарија и Австрија.

Гостите имаа можност да се уверат во убаните на Охрид преку  обиколка на стариот дел на градот, културно историските споменици и обележја, природните убавини и промоција на алтернативните форми на туризам со што гостите имаа можност и за фото- сафари тура.  
Беа посетени повеќе хотели во охридскиот регион, каде што гостите се запознаваа со сместувачките капацитети, а воедно како резултат на промотивната тура веќе беа склучени и неколку договори за закуп на хотелските капацитети.

Се очекува учесниците од промотивната тура по престојот во Охрид преку медиумите и списанијата да објават репортажи со што на нивните гледачи и читатели ќе им ги презентираат убавините на  нашиот град и поширокиот регион, како и целокупниот туристички потенцијал и понуда на Охрид.  

Наскоро во две најгледани  сателитски турски телевизии ATV и A haber ќе бидат емитувани специјални емисии, а репортажи ќе се објават  и во десетте  електронски и печатени списанија од нивната медиа групација, како и во  GLOBER - JETLIFE eдно од најпознатите печатени списанија кое се дистрибуира во авио компанијата Atlas Global.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1326  пати
Објавено на: 06.04.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©