Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ГО ЧЕСТВУВА ОХРИДСКИОТ РЕВОЛУЦИОНЕР ХРИСТО УЗУНОВ
Untitled Document

Делегација на општина Охрид предводена од градоначалникот Никола Бакрачески, делегација на Советот, претставници на образовни институции, здруженија на граѓани и поединци го започнаа денешното чествување на македонскиот револуционер Христо Узунов со полагање свежо цвеќе пред бистите на Христо Узунов и Методи Патчев во градскиот парк.

Одржан беше и пригоден историски час за животот, делата и херојската погибија на илинденецот кој е една од најсветлите точки во македонското револуционерно движење . Останувајќи во својот роден крај, до последен здив Узунов ги брани идеалите на македонската револуционерна организација за слободна Македонија

- Браќа, сонце сакавме, а ни искра не добивме. Нашата земја се натопи со пепел и крв. Македонија ќе роди нови борци, ние ќе живееме во спомените ваши.

Во последната битка, во селото Цер, Кичевско, опколен од многуброен турски аскер во неможност да се пробијат, несакајќи живи да се предадат цела Узунова чета изврши саможртва. Христо Узунов и неговите 13 соборци последните куршуми ги истрелаа во себе си. Сведок на сликата на простреланите четници запишал:

На другиот ден после бојот ја видов во Цер страшната слика што никогаш нема да ја заборавам..... Ми го покажаа војводата Узунов...... ја видов Македонија во тој момент - маченица, велика, непобедлива!

Програмата за одбележување на делото на Христо Узунов продолжува во селото Цер, Кичевско каде во 11 часот е предвидено полагање свежо цвеќе на гробот на револуционеротХристо Узунов и тринаесетте четници.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1279  пати
Објавено на: 24.04.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©