Работната единица „ Водовод“ која е дел од Меѓуопштинското јавно претпријатие „ Проаква“ , од доаѓањето на новото раководство во месец април 2013 година до денес, успешно ја консолидира наследената лоша финансиска состојба. Како резултат на новата стратегија, оперативните планови за финансиска стабилизација и зголемена економичност во работењето намалена е загубата на годишно ниво од 52. 625 милиони денари за 2011 година на 24. 492 милиони денари за 2014година.
-Зголемени се активностите за подигнување на довербата кај корисниците кој резултираа со процент на наплата од 110% фактурирано наплатено за вода и за услуги 96.69% за 2013 година, а 96.69% фактуриано наплатено за вода и за услуги 120.70% за 20114 година. Зголемениот процент на наплата резултира со редовна исплата на бруто плата секој месец (за РЕ „ Водовод“ Охрид и РЕ „Колектор“ во висина од 7.5 милиони денари месечно, односно 93.6 милиони денари за 2013 и 91. милион денари за 2014 на годишно ниво) , изјави денеска директорот на РЕ „ Водовод“ – Охрид, Томе Паскалоски.
Сервисирани се обврски према добавувачи во износ од 37.2 милиони денари за 2013година и 36.623 милиони денари за 2014 година или вкупно 73.8 милиони денари, со што е вратена изгубената доверба кон претпријатието и тие сега учествуваат на распишаните тендери на МЈП „ Проаква“- РЕ „ Водовод“ . „ За подмирување на обврски кон УЈП од претходни години исплатени се околу 9 милиони денари, за сервисирање на тужби на вработени против МЈП „ Проаква“ - РЕ „ Водовод“ - Охрид за неисплатени патни трошоци и хранарина за 2009 година исплатени се 1.7 милиониденари во 2013 и 2 милиони денари во 2014 година, а етапно се сервисираат извршни судски пресуди од поранешни години“ , рече Паскалоски.
За нормално функционирање на претпријатието, набавени се ровокопач, машина за електродифузионо лепење на цевки, машина за сечење на асфалт, компресор, тековни алати и инвентар во износ над 6 милиони денари, вратени се запленетите десет возила „ Шкода“ , вратен е краткорочен кредит према „ Шпаркасе банка“ од претходни години и стопирани се преговорите околу Договорот за концесијата на претпријатието.
Извор: www.ohrid.gov.mk |