Никола Икономовски в.д. директор на ЈП „Нискоградба“ денеска информираше дека вкупниот долг на јавното претпријатие изнесува 67 963 194 денари.
Јавното претпријатие работи со блокирана сметка поради извршни судски решенија и неплаќање на данок по основ на ДДВ во висина од 5 096 830 денари. Обврските спрема јавните претпријатија во Охрид се 14 252 712 денари. За неплатени телефонски сметки должиме 64 395 денари, додека спрема угостителските објекти 632 523. Од основањето на „Нискоградба“ па до сега, за реперезентација се трошени на годишно ниво просечно по 1 262 113 денари што е една превиоска сума на пари – истакна Икономовски .
И покрај бројните проблеми во претпријатието, приоритет на новото раководство на ЈП „Нискоградба“ ќе биде подобрување на услугите спрема корисниците и враќање на довербата кон доверителите.
Извор: www.ohrid.gov.mk |