Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД ЗАПОЧНУВА БОГАТАТА ПРЕДНОВОГОДИШНА ПРОГРАМА
Untitled Document

Со настап на учесниците од детскиот  фестивал “Распеано рибарче “ денеска со почеток во 18 часот  на плоштадот “Св. Климент Охридски“, започнува   неколкудневната предновогодишна   програма која е во организација на општина Охрид.
По настапот на “рибарчињата“ во културно уметничката програма вечерва на плоштадот ќе настапат и учениците од основните училишта  “Григор Прличев “ и “Св. Наум Охридски “ од Пештани .


Од утре до четврток во реализација на празничната  програма  се вклучени   учениците од сите основни и средни училишта во градов.
Во петок (26-ти декември)   во период  од 18 до 20 часот  ќе настапат членовите на балетските групи:  “СОНАТА”,  ‘ВИ-ЗА-ВИ” и Кореографски центар “21”.
Во деновите на викендот,културно -уметничката програма започнува  во  12 часот  и  ќе трае до 18 часот. Предвидени  се  настапи на  фолклорните ансамбли : KУД “Ѓердан”, КУД “Плетенка”, КУД “Филиграни”, КУД “Илинден” и КУД “ОТЕКС - ФОЛК“.
  Попладнето и ноќта во понеделник  (29-ти декември) се посветени  на  старо градска музика, а ќе настапат: КУД при Здружение на пензионери  на општините Охрид и Дебарца, оркестарот при ОСУ Св.” Климент охридски”, и групите “САРАЈ“ и “ЗАРИНА”.
 Во вторник  (30-ти декември) во период  од 18 до 20 часот , целовечерен концерт  ќе има  групата “Билјана-Јуниор”.


Новогодишната програма на 31 декември  започнува  точно напладне  со  настап на најмладите од детската градинка “Јасна Ристеска”,   по што ќе следат  настапите на  талентираните  млади музички звезди : Исидора Јанева, Натали Илијовска ,  рок групата “Тарантула”.
 Од 15 до 18 часот   посетителите на плоштадот ќе се забавуваат на  музика од  ДЈ Аце.
Ногодишната програма на градскиот плоштад започнува во  21 часот со настапот на естрадните уметници , Петар Нечоски, групата Камелеон и Владо Јанески.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1315  пати
Објавено на: 22.12.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©