По барање на Дебарско-кичевската епархија екипите на „Охридски Комуналец„
денеска уште од раните утрински часови пристапија кон расчистување на
туристичко-манастирскиот комплекс „Свети Наум„. По одбележувањето на
празникот посветен на светителот Св.Наум, комплексот е расчистен од влезот
до манастирот, плажата, пристаништето и сите пристапни патеки. Ангажирани
беа 10 комунални работници и специјално возило за подигнување на собраниот
отпад, со што комплексот е вратен во првобитна состојба.
(Повеќе...)
Извор: www.ohrid.gov.mk |