Општина Охрид денес започна акцијата на пополнување на ударните
дупки низ охридските улици. Најпрво се санираат дупките низ
централните градски улици, “Партизанска“ и “Димитар Влахов“, по што ќе следи
санација на оштетените делови на “7 –ми Ноември “,“Бекир али Риза “ и
на останатите улици низ Охрид каде има потреба од ваков зафат. Во
акцијата бехатон плочките се отстрануваат а на нивно место се става
асфалт. Со проектот е предвидено асфалтен материјал да се стави
на површина од околу 1 500 квадрати.
Извор: www.ohrid.gov.mk |