Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ "СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ"
Untitled Document

Почитувани сограѓани,
Со посебно задоволство на сите граѓани на Охрид им го честитам празникот на македонските и сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј.

Значењето на вонвременското дело на светите браќа Кирил и Методиј и денес од оваа временска дистанца ја покажува непроценливоста на нивната благородна просветна дејност, со која нашиот народ заедно со останатите словенски народи се приклучија кон духовниот и културен растеж на европската цивилизација. Создавањето на првата словенска азбука- глаголицата, претставува чин од непроценливо значење за иднината на македонскиот и сите словенски народи. Творењето на јазик и азбука разбирлива за народот, историски придонесе за огромен духовен и културен напредок на словенските народи. Заради нивната света мисионерска дејност на ширење на христијанските вредности меѓу паганските народи  и денес со посебен пиетет, светите словенски браќа Кирил и Методиј, се спомнуваат како неизбришлив споменик и темел на европската духовност и култура.  

Во спомен на нивното неизбришливо дело, уште еднаш Ви го честитам Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј.

Со почит,

Градоначалник
Никола Бакрачески

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1233  пати
Објавено на: 24.05.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©