Охрид има капацитет и успешно се справува со снежното невреме
кое го зафати Охрид и неговата околина. Од улиците во градов 90 %
се целосно чисти.
Исчистени се сите централни градски улици , и се фрлени околу 30 м
кубни сол и ризла а дополнителни количини ќе се фрлаат во текот на
ноќва.
Надлежните служби од општина Охрид 24 часа се на терен и успешно се
справуваат со снежното невреме кое го зафати градов и неговата околина.
Во расчистувањето од снежната покривка се вклучени 14 работни машини
и 3 камиони од кои два со нож за ринење на снег и еден за ризла.
Јавните
претпријатија “Комуналец“ ,“Водовод“,“Градски гробишта“ , “Ниско градба“
како и градежните фирми “Победа – Ботун“, “Марково Долче“ и “Нефи ИК„
се вклучени во расчистувањето на градов од снегот.
Две работни машини се ангажирани за расчистување на селото “Долно Лакочереј“
, улиците “Петрино“, “Радојца Новичиќ“,“Српница“ и “Кленоец“.
Со две работни машини се чистат населбите, Рамне, Велестово, Рача,
селата Елшани и Коњско и населбата Исток.
Две работни машини работат на чистење на улиците : “Туристичка“,
“Железничка“ и улицата “15-ти Корпус“.
Од синоќа се проодни патиштата до сите охридски села
Извор: www.ohrid.gov.mk |