Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
БУЏЕТОТ ЗА 2017 ГОДИНА – РЕАЛЕН И СО РАЗВОЈНА КОМПОНЕНТА
Untitled Document

На денешната шеесет и шеста седница на советот на Општина Охрид, беше усвоен буџетот за 2107 година. За неговата структура и што тој ќе донесе за граѓаните на Охрид, зборуваше градоначалникот Никола Бакрачески.

- Денес  конечно е усвоен буџетот за 2017 година, по една вообичаено долга расправа, во која можеја да се судрат различните концепции, што претставува демократско право да се дискутира за било кој дел од буџетот за 2017 година. Сметам дека буџетот кој е изгласан обезбедува една развојна компонента, задоволување на потребите на граѓаните на Охрид во делот на инфраструктурата и задоволување на потребите и услугите што општина Охрид ги дава кон граѓанитеи институциите. Задоволни сме со реализацијата на буџетските предвидувања во изминатите три години, посебно во делот на сервисирање на долгот. Посебно што нидена општина во Македонаија не успеала да реализира враќање на долг од ваков обем, и на тоа можеме да бидеме посебно горди. Верувам дека ќе продолжиме и во 2017 година со истото темпо на враќање на долгот, а од друга страна да имаме и развојна ккомпонента, да ги сервисираме потребите на граѓаните, да вложуваме во инфраструктурата, културата, спортот, социјалата и сите сфери од живеењето во нашиот град . Сметам дека граѓаните ќе имаат бенефит од ваквиот буџет и дека ќе дојдат подобри денови за една посолидна основа за идниот развој на Охрид – истакна градоначалникот Бакрачески.

Градоначалникот Бакрачески изрази уверување дека во наредната година ќе следат законски измени , кои ќе придонесат не само Охрид туку и другите единици на локална самоуправа во земјава полесно да се справат со наследенити долгови.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1363  пати
Објавено на: 23.12.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©