Градоначалникот Никола Бакрачески, утре во 12 часот во
маркетот „ Супер Тинекс“ , што се наоѓа наспроти фабриката „ Лихнида“ , ќе
го означи почетокот на хуманитарната акција „ Донирај“ .Акцијата, која е дел
од програмата на градоначалникот Бакрачески , се организира во
соработка со Црвен крст, а ќе се одвива во рамките на одбележувањето
на 16 октомври, Светскиот ден за борба против гладта.
Со купувањето производи кои се наменети за помош на социјално најзагрозените
семејства, градоначалникот Бакрачески на симболичен начин ќе ги повика
граѓаните да се вклучат во големата хуманитарна акција „ Недела на борба
против гладта“ која ќе се одвива под мотото „ Помислете и на нас“ .
Извор: www.ohrid.gov.mk |