Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
АКТУЕЛНАТА ЛОКАЛНА ВЛАСТ ГО РЕШАВА НАСЛЕДЕНИОТ ПРОБЛЕМ СО РАБОТНО АНГАЖИРАНИТЕ ЛИЦА ВО ОБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ
Untitled Document

Изразувам жалење и  оваа прилика се извинувам за сите неправди кои минатото локално раководство  и  претходниот градоначалник  ги направиле  кон лицата кои работно ги ангажирале   во образовните институции во градов а притоа не  им ги исплатиле   заработените  и договорени парични средства.  Изразувам жалење што овие лица кои чесно  и коректно си ја завршиле задачата во предвидениот период  биле изманипулирани од претходното раководство најчесто за предизборни цели односно за добивање  гласачи. Со тоа  претходната власт си поиграла и со  и нивниот статус и материјалната положба на нивните семејства,  истакна градоначалникот Никола Бакрачески на денешната  прес -конференција на која главна тема на разговор беше процесот   на склучување  спогодби за исплата на паричните средства што го започна сегашната локална власт.   

-Како одговорна Локална самоуправа која не бега од проблемите туку со истите се соочува и тогаш кога тие се наследени, денес го изразувам моето задоволство , што  како општина успеавме да отпочнеме  процес на склучување  спогодби за исплата на паричните средства кои минатото локално раководство им ги должела  на  лица кои со договор на дело  ги ангажирала во  образовните институции  во градов а притоа истите не им ги платила, рече градоначалникот и посочи дека ангажираните лица  не биле  здравствено и социјално осигурени  а уште полошо е што  минатото раководство не створило никакви  услови да  им ги исплати договорените  средствата односно во буџетот не биле предвидени сите средства  за оваа намена.

-Истакнувам дека,  како  локална самоуправа  затекнавме повеќе од 300 договори на дело кои буџетски не биле  планирани. За жал луѓето добивале обично парче хартија во кое најчесто минималниот износ се исплаќал во период,  пред односно кога се одржувале избори и тоа една до две рати од  вкупно договорениот износ. Најголем дел од тие договори  се оспорени од страна на трудовиот инспекторат со единствена забелешка дека тие луѓе никогаш не се евидентирани дека оделе на работа, посочи градоначалникот и потенцира дека   според договорите правно е утврдено дека 70-ина луѓе чесно си ја сработиле работата за што Општина Охрид се обврза да им ги исплати средствата.

 -За  70-ина луѓе имаме уредна евиденција дека секојдневно оделе на работа и навремено ги обавувале работните обврски. Кон тие луѓе како одговорно локално раководство чувствуваме морална обврска да ги исплатиме затоа што истите чесно си работеле . Со  повеќе од половината од нив  односно со 37 лица веќе имаме потпишано спогодби за исплаќање на средствата  за кои тие се договориле со минатата локална власт, додаде Градоначалникот.     

 За тие  37 лица со  кои  веќе е   потпишана   спогодба,  општината од својот буџет по претходно   спроведената финансиска анализа на можностите за исплата издвои    1. 789. 790. 00 денари.   Со другата половина од тие 70 лица кои работеле во образовните установи со договор  општината е  во постојани преговори и  излегува во пресрет на нивните барања.
Според досега потпишаните спогодби,  пари ќе се исплаќаат на : наставници, хигиеничари и чувари- градинари кои биле ангажирани во охридските основни училишта, што не значи дека во наредениов период  Општината не  очекува потпишување на вакви спогодби со лица кои работеле во средните училишта и во детската градинка “Јасна Ристеска“.   

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1313  пати
Објавено на: 14.11.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©