Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ГИ ОТСТРАНУВА БЕТОНСКИТЕ ТОПКИ НА КЕЈ МАРШАЛ ТИТО
Untitled Document

Екипи ангажирани од Локалната самоуправа денеска започнаа да ги отстрануваат бетонските топки кои го попречуваа нормалното движење на кејот Маршал Тито.

По иницијатива на Секторот за внатрешни работи за отстранување на сите препреки во градот, денеска се отпочна со отстранување на бетонските топки и препреки  на кејот Маршал Тито – истакна Танас Танаскоски, раководител на општинскиот инспекторат при Општина Охрид.

Претходно беа отстранети сите рампи во градот со кои се попречуваше нормалниот проток на возила во центарот на градот, а од денеска ќе бидат превземени градежни зафати за отстранување на бетонираните острови на кои беа поставени паркинг апаратите.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1235  пати
Објавено на: 26.04.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©