Денеска во Општина Охрид официјално беше промовирана Брошурата “Инвестирајте во Охрид“ целосно изработена и подготвена од вработените од Секторот за туризам и локален економски развој и стручните служби во Општина Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески, задоволен од изработеното во брошурата рече дека таа е прво создадена брошура за инвестирање во една локалната самоуправа и ја објасни суштината за нејзиното создавање.
Брошурата “Инвестирајте во Охрид“на потенцијалните инвеститори во Општинава ќе им овозможи на едно место да добијат брз и ефикасен преглед на потенцијалните можности за инвестирање во Охрид, на локалитетите, на индустриските капацитети какао и на плановите и развојните стратегии на општина Охрид во делот на подигање на Локалниот Економски развој и секако она што е наш основен приоритет а тоа е креирање на значителен број нови работни места на ниво на Општина Охрид, рече градоначалникот Бакрачески
Иницијативата за изработка на брошурата се наметнала сама по себе односно веднаш по одржаните состаноците на градоначалникот Бакрачески со првите заинтересирани потенцијални инвеститори на кои им се презентирале податоци во однос на проекти и локации за кои што имало интерес а кои што на некој начин не биле систематски средени и документирани .
Ѓоко Апостолоски од Секторот за туризам и локален економски развој го објасни начинот на создавање на брошурата
- Во методологијата на изработка се одлучивме на три методи на собирање на податоци првите беа локации кои се во сопственост на државата или општината , другите се локации кои ни беа понудени од приватни субјекти или компании а се во интерес на екон0омскиот развој на Охрид и третиот метод беше преку објавување на јавен повик односно јавен конкурс за пријавување на проекти од приватни, физички и правни субјекти кои се интересни за потенцијалните инвеститори - истакна Апостолоски
Заради поголема прегледност и ефикасност инвестициските планови и стратегиите за развој во брошурата се поделени во неколку области за инвестирање и тоа : во делот на туризмот, агро бизнисот, недвижности и градежна индустрија потоа во делот што се однесува на трговијата , метало- преработувачката индустрија, како и можностите за инвестирање во здравствениот туризам и во деловите на текстилната индустрија и инфраструктурата.
Брошурата веќе е доставена до Агенцијата за странски инвестиции на Република Македонија од каде во електронска форма се дистрибуира до сите економски промотори на Македонија во Амбасадите во странство, а напролет ќе започне промоцијата во соседните земји.
По првото издание на брошурата “Инвестирајте во Охрид“ ќе следат наредни проширени изданија со нови и побогати содржини.
Извор: www.ohrid.gov.mk |