На 27 и 28 јуни ( сабота и недела) , на летната сцена на Центарот за
култура „ Григор Прличев“ , ќе се одржи фестивалот „ КАНЕО ФЕСТ“. На
четиринаесеттото издание на фестивалот, кој веќе четири години е под
покровителство на телевизијата „Морис“ , на фолк- вечерта ќе бидат
изведени 22 новокомпонирани песни, а на поп вечерта 20
композиции.Концертите на двете фестивалски вечери почнуваат во 21часот.
На денешната прес конференција, организаторите се заблагодарија за
поддршката од општина Охрид и другите помагатели, кои овосможија успешно да
продолжи континуитетот на оваа манифестација.
Композициите ќе ги оценува публиката и стручно жири,составено од
професори по музика.На двете фестивалски вечери ќе бидат доделени
прва,втора,трета и гранд-при награда, како и награди за најдобар
текст, аранжман , сценски настап и дебитант.
Извор: www.ohrid.gov.mk |