На 27 Февруари, во Белград, Република Србија се отвори Саемот за туризам,
на кој Општина Охрид, ја претстави својата туристичка понуда . Општина Охрид
заедно со хотелско – угостителските субјекти се претстави на штандот од
Агенцијата за туризам на Република Македонија.
Градоначалникот Бакрачески, на коктелот организиран за новинарите и
туристичките агенции, имаше поздравен говор преку кој ја промовираше
туристичката понуда на Охрид, а потоа следуваше промоција на охридски
специјалитети зачинети со старо градска музика од Охрид. Вечерва во ресторан
„Ковач“ е организирана охридска вечер на која се поканети туристички
агенции, медиуми и дипломатски кор. Саемот за туризам завршува утре.
Извор: www.ohrid.gov.mk |