Градоначалникот Никола Бакрачески, рано утринава, без претходна најава ги посети охридските јавни претпријатија кои поризлегуваат од локалната самоуправа за лично да се запознае со работната дисциплина и да изврши увид во работењето на службите на јавните претпријатија и во примената на ингеренциите. Доколку се констатираат пропусти или незаконско работење ке следат санкции. Исто така градоначалникот потенцира дека јавните претпријатија треба да работат во служба на граѓаните и постојано да водат грижа за подобрување на квалитетот на услугите што им ги даваат на граѓаните.
Во рамки на посетата директорите го информираа градоначалникот за актуелните состојби во кои тие се наоѓаат, долговите кои ги имаат како и плановите за нивна санација. На средбата беше разговарано за планираните и проектите кои се во тек.
Во посетата беа опфатени ЈП „Проаква“ Р.Е. „Водовод“ Охрид, ЈП „Ниско Градба“, ЈП „Охридски Комуналец “ и Ј.П. „ Градски Пазар“ .
Извор: www.ohrid.gov.mk |