Советот на општина Охрид, на денешната седница го усвои извештајот за остварените приходи и извршените трошоци на буџетот по завршната сметка на буџетот на општина Охрид за 2013 година и извештајот за попис за 2013 година.
На седницата беше прифатена одлуката за формирање на Општинско средно стручно училиште, односно издвојување на сегашното економско училиште од гимназијата,кое ќе го носи името „ Св. Кирил и Методиј“ , а беа прифатени и извештаите за реализираните програми за периодот од 01. 01. до 31. 12. 2013 година на одделението за даноци, одделението за комунални такси, извештајот за реализација на развојната програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид ( 2013 – 2015 година) , за заштита на животната средина и природата, за поддршка на локалниот економски развој, за реализација на програмата за поттикнување на развојот на туризмот, за работата на територијалната противпожарна единица, за работењето на секторот за спорт, млади и невладини организации, за работењето на секторот за образование, детска, здравствена и социјална заштита, за работењето на секторот за меѓународна соработка, соработка со УНЕСКО и култура, извештајoт за слободен пристап до информации од јавен карактер и за реализација на програмата за работа на Советот на општина Охрид. Не беа изгласани одлуките за реализација на програмата за уредување на градежно земјиште, за реализација на други комунални услуги, за реализација на развојната програма за изведба и реконструкција на локални патишта и улици ( 2013- 2015 г. ) , за реализација на програмата за јавно осветлување, за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај, за изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води ( 2013 – 2015г. ) , за изградба на системи за водоснабдување ( 2013 – 2015 г. ) , за изградба на сообраќајна сигнализација, за јавна чистота и за јавни паркови и зеленило. Беа прифатени одлуките за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата ( 01.07. до 31.12.2013 г. ) .
Советот ги усвои годишните сметки и извештаите за работењето на ЈП „ Градски пазар“ , ЈП „Нискоградба“ , ЈП „Охридски комуналец“ , ЈП „Погребни услуги“ , ЈП „Грaдски гробишта“ , МЈП „Проаква“ Струга РЕ „ Водовод“ Охрид и ЈП „Билјанини извори“ .
Зелено светло добија и извештаите за финансиското работење и годишните сметки за 2013 година на ОУ „Христо Узунов“ , ОУ „ Григор Прличев“ , ОУ „Св.Климент Охридски“ , ОУ „ Братство Единство“ ,ОУ „Кoчо Рацин“ , “Ванчо Николески“ с.Лескоец, ОУ „Живко Чинго“ с.Велгошти, ОУ „ Св.Наум Охридски“ с. Пештани, ОМУ „Методи Патче“ , ОСУ „Св. Климент Охридски“ , ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ и ОУТУ „ Ванчо Питошески“ од Охрид. Беа усвоени годишните извештаи и годишните сметки за 2013 година на ОЈУ отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ , ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ , а беше дадена согласност за усвојување на статутот и правилникот за организација и систематизација на работните места во истатата институција.
На денешната седница на Советот беа прифатени одлуките за збратимување на градот Охрид, Република Македонија со градот Подољск, од Московска област, Руска федерација, за заедничко организирање на јавен линиски превоз на патници, одлуката за подстратегијата за рурален развој на општина Охрид ( 2014 – 2018 г. ) ,беше усвоена процената на загрозеност на подрачјето на општина Охрид од сите ризици и опасности, како и одлуките за годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2014 година, за усвојување на зоните и висината на цената за краткотраен закуп на уредено градежно земјиште за поставување урбана опрема ( столови и маси) за 2014 година, за утврдување на висината на комуналната такса за користење на простор пред деловни простории за вршење на дејност, за општински линиски превоз на патници во општина Охрид и за спојување на јавните претпријатија „ Погребални услуги“ и „ Градски гробишта“ .
Извор: www.ohrid.gov.mk |