Во пресрет на учебната 2014/2015 година но и согласно акциониот план за
делување и работа на Секторот за комунален развој,сообраќај и улици при
Општина Охрид, денес екипи на Секторот заедно со јавниот приватен
партнер вршеа замена на стари и дотраени електрични светилки во основните и
средните училишта низ Општината.
Целта на оваа акција е да се овозможи успешен и организиран старт на новата
учебна година, посебно за најмалите ученици но и за сите останати.
Надлежните служби во текот на следниве неколку дена редовно ќе интервенира
низ сите основни и средни училишта на територијата на Општина Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |