Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
IN MEMORIAM
Untitled Document

Во 59-та година од животот, денеска, ненадејно почина примариус д-р Илија Прангоски – лекар специјалист во Заводот кардиоваксуларни заболувања „Св. Стефан“во Охрид.

Д-р Илија Прангоски од 2009 година беше претседател на Здружението на лекари на град Охрид.

Примариус д-р Илија Прангоски е роден во 1954 година во Охрид. Дипломирал на Медицинскиот  Факултет - Скопје во 1979 година. Специјализација по интерна медицина  завршил на Медицински факултет - Скопје во 1987 година. Супспецијализација по Кардиологија обавил од 2002 до 2004 година.

Д-р Прангоски беше раководител на одделот за функционална дијагностика на миокардот во Заводот за кардиоваскуларни заболувања. Беше ценет меѓу колегитеи и исклучително активен во лекарската заедница. Тој беше член на Македонското и Европското здружение на кардиолози, потпретседател на Македонско Здружение на Кардиолози (2002-2006 год), член на Управен Одбор на Македонско Здружение на Кардиолози (2006-2010 год.) и претседател на управниот Одбор на Здружение на лекари - Охрид. 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1289  пати
Објавено на: 07.05.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©